Насловна / Дневни Вести (page 19)

Категорија: Дневни Вести

Feed Subscription

Отстранување на ламаринените гаражи во Штип

zgrada-na-opstina-stip.jpgГрадоначалникот на Штип, Зоран Алексов ги повика сопствениците на ламаринени гаражи да ги отстранат своите нелегални конструкции во најкраток можен рок. Во процедура е постапка за распишување на оглас за лицитација на градежно зeмјиште за изградба на деловно-станбени објекти, на кое се лоцирани гаражите.

повеќе »

Германските градежници профитираа од Светското фудбалско првенство во Јужна Африка

stadion_vo_juzna_afrika.jpgСветските фудбалски првенства се големи настани поврзани со многу инвестиции, како изградба на стадиони, но и сообраќајни патишта. Овој пат во Јужноафриканската Република многу профитираат и германските фирми. Јужноафриканската Република многу инвестира, само за Светското фудбалско првенство се потрошени повеќе од три милијарди евра.

повеќе »

Во април издадени 233 одобренија за градба

dozvoli_za_gradba.jpgСкопје - Во април се издадени 233 одобренија за градба што е за 11,4 отсто помалку во однос на истиот месец лани.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 184 се наменети за објекти од високоградба, 23 за објекти од нискоградба и 26 за реконструкција. Кај 183 објекти од вкупно 233-те, како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 50 - инвеститори се деловни субјекти.

повеќе »

Во Тетово продолжува акцијата за уривање на дивоградбите и незаконските летни бавчи

divogradbi_tetovo.jpgТетово - Општинскиот инспекторат за градежништво на Тетово ќе продолжи со акции за уривање на дивоградбите и незаконските летни бавчи, беше соопштено на прес-конференцијаta што следи по акцијаta кога беше отстранета металната конструкција пред ресторанот „Тич“.

повеќе »

Почна изградбата на градска плажа на кејот на Вардар во Скопје

gft.jpgСкопје - Град Скопје го почна проектот за изградба на градска плажа на кејот на реката Вардар, зад Луна паркот. Со проектот, на површина од 1.775 метри квадратни ќе се постави урбана опрема од монтажен карактер, 20 маси, 80 столчиња и 80 лежалки. Плажата ќе биде со ситен песок, а се предвидуваат две куќички и простор за детски забавни содржини. Градската плажа ќе работи од 10 до 23 часот и граѓаните ќе можат бесплатно да ја користат. Посетителите на градската плажа ќе можат да ги користат тоалетите од Луна паркот.

повеќе »

Кинеска Сончева долина

solar-valleydezhou-architecture-solar1.jpgМинатата година Кина инвестираше речиси 34 милијарди долари во соларни панели, ветерни турбини и други алтернативни енергетски технологии, што е речиси двојно повеќе отколко САД, каде што трошоците нагло паднаа. Во интерниот декемвриски извештај за економските перспективи на градот Дежоу, главно седиште на таканаречената Сончева долина, градоначалничката Ву Куијун најави дека градот мора „да ја искористи сета своја сила за да ја поддржи компанијата за опрема за соларна енергија Хуанг. Таа се заложи за  „сестрани преференции во политиката, земјиштето, капиталот и другите области за да ја направи компанијата светска класа“.

повеќе »

Австриска фирма ќе гради мол во Загреб вреден 250 милиони евра

zagreb_buzin_01_ekz_stadtplan.jpgАвстриската компанија која дава услуги во областа на недвижности m2 Group доби градежна дозвола за изградба на шопинг центарот Supernova Zagreb. Шопинг центarot се наоѓа на 10 минути от центарот на градот, во непосредна близина до јужната обиколница хрватскиот главен град и една од главните крстосници на патот кон аеродромот.

повеќе »

Standard Poor’s: Цените на становите во Европа можат пак да паднат

Вредноста на становите во неколку европски земји по втор пат може да паднат по максимумот што го имаа пред три години, затоа што тие беа преценети, ја цитира Bloomberg агенцијата Standard Poor’s. Во извештајот на агенцијата се вели дека цените ...

повеќе »

Пешевски: Коридорот 10 треба да биде завршен крајот на 2013-та година

http://www.politika.rs:8080/uploads/rubrike/51621/i/2/koridor-10a.gifСкопје - Изградбата на Коридорот 10 е од витално значење за економијата на Македонија и на Србија, рекоа по денешната средба во Скопје српскиот министер за економија и регионален развој, Млаѓан Динкиќ и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

повеќе »
Scroll To Top