Кочани - Со финансиски средства во висина од еден милион и 225 илјади денари што ги обезбеди УНДП ќе биде подготвена целокупната проектна документација за Спортско-рекреативниот центар Пониква на Осоговските планини.
повеќе »Категорија: Дневни Вести
Feed SubscriptionНа Аеродром учат како се подготвуваат проекти за штедење енергија
Во седумте основни училишта во Општина Аеродром почна проект за обука на наставните кадри од природните науки и на учениците на тема енергија, клима и животна средина, кој ќе трае девет месеци.
повеќе »Индустриската емисија на јаглерод диоксидот во светот минатата година во стагнација
Амстердам - Индустриската емисија на јаглерод диоксидот, гас кој се смета за главен виновник за глобалното затоплување, во светот минатата година бележи стагнација благодарение на тоа што рецесијата го забави производството во богатите земји, но тоа е анулирано со растот на емисијата во Кина и во Индија, соопшти Холандската агенција за оценка на животната средина.
повеќе »Сеизмолози од цел свет на конференција на ИЗИИС
Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија од Скопје деновиве наголемо се подготвува за 14-та петдневна европска конференција за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, која ќе се одржи од 30 август до 3 септември во Охрид.
повеќе »Започна регулацијата на Зрновска река
Кочани - Во општина Зрновци започна регулацијата на коритото на Зрновска река во должина од 700 метри.Средствата во висина од 12 милиони денари, според градоначалникот Блаже Станков се обезбедени од повеќе извори и се очекува проектот за два месеца да биде целосно завршен.
повеќе »Прва пловна нуклеарка во светот
Санкт Птересбург - Во Санкт Петерсбург во вода е спуштен основниот енергетски блок со моќност од 70 мегавати, за првата пловна атомска централа во светот - Академик Ломоносов, која треба да проработи во април 2012 година. Во изградбата на таа енергетска постројка вложени се 16,5 милијарди рубљи (432 милиони долари). Тоа е пилот проект со кој се усовршува технологијата за изградба и подоцна може да се примени дополнително, јавуваат руски медиуми.
повеќе »Почна изградбата на локалниот пат Старо Нагоричане
Куманово - Со симболично пуштање на механизацијата на терен денеска почна изградбата на патот Старо Нагоричане – Никуљане на територијата на кумановската општина Старо Нагоричане. Средствата за изградба на патот се обезбедени од Владата на Република Македонија преку Агенцијата за државни патишта.
повеќе »Времено се стопира изградбата во „Малиот ринг“!?
Скопје - Уставниот суд на денешната седница како незаконска ја укина Одлуката на Советот на Општина Центар донесена на 21 јануари годинава со која беше изменет и дополнет Деталниот урбанистички план за централното градско подрачје на Градот Скопје познат како „Мал ринг“. Со тоа сите активности за изградба на неколку катни гаражи, сообраќајни приоди кон нив, триумфалната порта, скулптури на мостот „Око“, треба да се стопираат додека не се донесе нова одлука за измени на ДУП-от.
повеќе »Продолжува инфраструктурното уредување на кавадаречките сообраќајници
Кавадарци - Продолжува инфраструктурното уредување на кавадаречките сообраќајници. По асфалтирањето на улицата „Единство“ со 120 тони асфалт за околу 180 метри денеска се продолжи со асфалтирање на улицата „Елпида Караманди“ каде за 150 метри ќе бидат потрошени околу 80 тони асфалт во вредност од околу 500.000 ден.
повеќе »