Радовиш - Фирмата „Алфа инжињеринг“ од Радовиш почна со изградба на фотонапонска централа, која годишно ќе произведува од 70 до 80 мегаватчасови електрична енергија, инвестиција вредна 240.000 евра.
Сопственикот на фирмата Ацо Ристов изјави дека во моментов се поставува металната конструкција над постоечкиот објект на фирмата. На покривот ќе бидат поставени 256 сончеви панели.
Категорија: Дневни Вести
Feed SubscriptionКинеска „лекција“ по градежништво
Една од комплексот од 11 тринаесеткатници згради во елитната населба Лотосов брег, сместена покрај река во Шангај, се урнала уште пред да биде вселена од станарите. Откако ја изградиле зградата, изведувачите почнале да градат подземен паркинг. За таа цел тие направиле ископ од предната страна на длабочина од 4,6 метри.
повеќе »Презентирано идејното решение за изградбата на становите од „АРМ мој вистински дом“
Скопје - Пред припадниците на АРМ денеска во присуство на министерот за одбрана Зоран Коњановски беше презентирано идејното решение во прва фаза за изградба на станови од проектот „АРМ мој вистински дом“ од страна на архитектонскиот тим од професори, асистенти и соработници од Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“.
повеќе »Првата ХЕЦ во Хрватска започна со пробна работа
Загреб - Првата хидроцентрала изградена во Хрватска од осамостојувањето денеска започна со пробно работење. Почетокот на работата го означи хрватската премиерка Јадранка Косор. Хидроцентралата Лешќе е на реката Добра, а ќе се управува далечински од хидроцентралата Гојак која се наоѓа низводно од Лешќе.
Се реконструира регионалниот пат Струмица – Дојран
Струмица – По поставувањето втор асфалтен слој на транзитната делница низ Струмица, односно на дел од булеварот „Климент Охридски“, градежното претпријатие „Пелагонија инженеринг“ продолжува со реконструкција на регионалниот пат Струмица – Дојран.
Отворен новиот трговски центар „Веро“ во Скопје
Скопје - Грчката групација Веропулос вечерва во Скопје го отвори новиот трговски центар „Веро“ што се наоѓа спроти Народната банка на Република Македонија. Новиот „Веро“, со површина од 40.000 метри квадратни, се вбројува меѓу најголемите трговски центри во државава.
повеќе »Локалитетот Локви – Горно Коњари споменик на природата
Скопје - Собранието на Република Македонија го поддржа Предлог-законот за прогласување на локалитетот Локви - Големо Коњари за споменик на природата и го даде на натамошно читање.
Со донесувањето на законот ќе се овозможи заштита, зачувување и одржување на живеалиштата, екосистемите и видовите во природна состојба, како и одржување на природно воспоставените еколошки процеси во овој локалитет.
Поставени двата лава на јужната страна од мостот „Гоце Делчев“
Скопје - Општина Центар утринава почна со поставувањето на двете спомен-обележја „лав“ на јужната страна од мостот „Гоце Делчев“, од авторите Елена и Дарко Дуковски.
Лавовите се високи пет метри и пет тони тешки, а излеани се во бронза во леарницата „Фернандо Маринели“ од Фиренца. Лавовите се поставени на армирано-бетонски постаменти, со висина 3,5 метри, ширина 2,4 метри и должина 5,5 метри, изработени од фирмата „Бетон“.
Две фирми заинтересирани за инвестиции во штипската техничко-технолошка зона
Штип - Две странски компании се заинтересирани за инвестирање во новата техничко-технолошка зона кај приградската населба Три чешми во Штип.
Според градоначалникот Зоран Алексов, заинтересираните инвеститори оствариле средби со него, но склучувањето на договорите го реализира централната власт.