Повеќе од 350 слонови починале во северна Боцвана, а причината сè уште е непозната. Катастрофалното мистериозно масовно умирање трае изминатите два месеци.
На почетокот на мај во близина на делтата на реката Окаванго, пронајдена е првата група мртви слонови, а до крајот на месецот починати се 169 слонови. До средината на јуни, тој број повеќе од двојно се зголемил.
Повеќе од 70 отсто од слоновите починале во близина на поилата, наведуваат локални извори за „Гардијан“.
„Масовно умирање на ова ниво не е видено долго. Освен во периодите на суши, ниту едно умирање не било волку драматично“, вели Ниал Макан, директор на добротворната организација за заштита на националниот парк „National Park Rescue“.
Владата на Боцвана се уште не ги тестирала причините, па нема информации за причините за масовното умирање. Две главни причини се труење или некој непознат патоген.
Првично се сметало дека причината е антракс, но тоа е отфрлено.
Локалното население вели дека некој слонови се видени како одат во круг, што би можело да укажува на некој вид неуролошко оштетување.
„Ако ги погледнете труповите, некои од нив само паднаа на лице, што укажува дека тие починале брзо. Други покажуваат знаци на бавна смрт, како што се оние кои се видени како лутаат. Тешко е да се каже кој токсин би можел да го предизвика ова “, посочува Макан.
Третина од афричките слонови живее во Боцвана.