Насловна / Вести / Катар ќе има најголема флота на електрични автобуси во светот

Катар ќе има најголема флота на електрични автобуси во светот

Во наредните години Катар би требало да стане земја со најголема флота на електрични автобуси на светот. Веќе од 2022 година, дури 25% од сите автобуси во Катар би требало да бидат електрични, додека до 2030 година, тој удел ќе биде 100%. Притоа, станува збор за дури 1000 електрични автобуси за кои се очекува дека ќе превезуваат околу 50.000 патници дневно. Воедно, со тоа ќе се оствари најголемата мрежа на електрични автобуси на светот. Како испорачател на опремата за станици за полнење на електричните возила за таа флота е избрана компанијата ABB. Оваа компанија ќе ја проектира инфраструктурата за полнење, ќе ја испорача опремата, ќе ја испита и ќе ја пушти во погон. Проектот вклучува и изградба на станици за полнење ширум земјата, а договорт предвидува и нивно одржување за период од три години. Вкупната предвидена моќност на сите станици за полнење изнесува 125 MW.

Qatar1

Qatar2

Испрати коментар

Scroll To Top