Побарувачката за природен гас само ќе расте со растот на економијата и глобалната популација, што ќе бара нови проекти за течен природен гас (ТПГ) и после 2030 година, рекол министерот за енергетика на Катар, земјата која е еден од водечките глобални извозници на ТПГ. Катар кој во моментот работи на големи проекти за проширување на капацитетите за ТПГ, очекува дека ќе потпише нови долгорочни договори за снабдување со ТПГ, одобено во контекст на растечката побарувачка во Азија и Европа.
„Ако ги подгледнете прогнозите за пораст на глобалната популација за 1,5 до 2 милијарди веќе во анредните 30 години, тоа значи дека ќе ни треба повеќе енергија, но и повеќе фосилни горива за материјалите кои секојдневно ги користиме. Во исто време, енергијата мора да ја обезбедуваме по разумна цена, рекол министерот за енергетика на Катар, на Катарскиот економски форум во Доха.