Насловна / Архитектура / Катар добива стадион во форма на традиционална „такија“ капа

Катар добива стадион во форма на традиционална „такија“ капа

Во Доха официјално беше претставена прекрасна спортска арена, чиј дизајн е инспириран од традиционалната капа „такија“, а на кој ќе се играат натпреварите од Светското превенство во фудбал.

Katar

Проектот е потпишан од Ибрахим М Џаида, главен архитект на студиото Arab Engineering Bureau, кој ја обликувал формата на стадионот како капа што ја носат мажите ширум Блискиот Исток. Стадионот Ал Тумама, кој се наоѓа во истоимената област на главниот град на Катар, ќе има капацитет од 40 илјади седишта и е шести по ред објект кој е подготвен да ги пречека најдобрите светски фудбалери во 2022 година.

Џаида и неговата фирма, Arab Engineering Bureau, se една од неколкуте организации повикани од Комитетот за врховно наследство на Катар да дизајнираат стадион инспириран од тоа. Џаида имал тенденција нивниот дизајн да ја одразува и модерната и традиционалната природа на земјата.

Katar1

“Сакав да се осигурам дека мојот дизајн е модерен, но во исто време не сакав да го одвојам од неговиот традиционален идентитет. Зачувувањето на локалниот идентитет и наследство беше од најголема важност за мене“, додава Џаида.

Катарскиот архитект објаснува дека обликот на такијата не служи само за целта на дизајнот, туку на овој начин ќе обезбеди сенка и за гледачите и за играчите. На сличен начин како таков се користи за заштита на главата од топлина, имитирањето на нејзината форма ќе им овозможи на луѓето кои се внатре во стадионот да бидат заштитени од топлината.

Како и многу објекти кои ќе бидат во функција на одржување на Светското првенство во Катар, така и Ал Тумама ќе се лади со вештачки системи. Во рамките на овој стадион ќе се користат вентилатори кои ќе се напојуваат со енергија добиена од соларни панели.

По завршувањето на првенството, капацитетот на стадионот ќе се намали од првичните 40 илјади на 20 илјади, со елиминирање на седиштата на горните трибини. На нивно место ќе се гради бутик хотел со 60 соби, од кои ќе може директно да се погледне на теренот.

Katar2

Испрати коментар

Scroll To Top