Насловна / Вести / Катар 2022: Најодржливото Светско фудбалско првенство

Катар 2022: Најодржливото Светско фудбалско првенство

Изборот на Катар за домаќин на Светското фудбалско првенство 2022 година, во јавноста предизвика многу контроверзи. Најпрво заради обвинувањата за поткуп за добивање на организацијата на првенството, а потоа и реакциите на јавноста заради екстремно неповолните температури во земјата домаќин. Сепак, кога станува збор за високите температури, Катар применува низа иновативни решенија за да се справи со овој проблем. Со поставување на фотоволтаици на стадионите, се обезбедува електрична енергија за ладење на самата арена, со што се обезбедува намалување на температурите од 45 на 25 степени Целзиусови. Дополнително, во периодот кога нема натпревари, генерираната електрична енергија од фотоволтаиците се испорачува во мрежата.

Qatar 5

Qatar 3

Покрај тоа, Катар ќе издвои над 150 милијарди долари за стадион во Доха, кој ќе се склопи од модуларни контејнерски блокови. По завршувањето на првенството, истиот ќе може да се демонтира и повторно да се монтира на друга локација.

Qatar 2

На реконструкцијата на постоечките и градењето на нови спортски арени, ангажирани се големи имиња од архитектурата меѓу кои и Zaha Hadid Architects. Организаторите со оптимизам најавуваат дека Катар 2022 ќе има најголем број одржливи решенија во историјата на организирањето на Светските фудбалски првенства.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top