Шпанското дизајнерско студио „Ruma Design“ претстави футуристички концепт на електричен катамаран на водород, наречен „Migma“, кој е дизајниран за одржливо крстарење низ светот.
Студиото го опишува катамаранот како „оживување на морскиот живот преку силни структурни елементи во кои техничката рационалност се меша со флуидноста на природата.
Замислен како концепт кој целосно ги прекршува правилата за дизајн на јахти, „Migma“ сигурно ќе предизвика конфузија во оваа гранка на индустријата. Тој е опремен со резервоар за складирање течен водород, литиум-јонски батерии, горивни ќелии ПЕМ и два електрични мотори кои му овозможуваат да вози без нула емисија на штетни гасови.
Благодарение на тоа, „Ruma Design“ тврди дека нивниот брод може да помине долги растојанија без создавање бучава, загадување, испарување или вибрации, обезбедувајќи чувство на океански бриз и звук на морски живот.
Во однос на искуството на корисниците, електричниот катамаран долг 55 метри се нуди и за деловни и за рекреативни цели. Со рамки од стакло од подот до таванот, пловилото има простор што може да се прилагоди на намената, или за состаноци или како централна дневна за две семејства. Катамаранот има и посебни простории за персонал, и по желба може да биде опремен со дополнителни кабини.
Предниот широк електрохроматски паметен стаклен ѕид гледа кон океанот, со панорамски поглед од 360 степени од секоја кабина. Природната светлина се користи максимално, а за моменти на приватност, стаклото секогаш може да се затемни.
Елегантната форма и сјајниот сребрен екстериер на „Migma“ му даваат футуристички изглед.