Дизајнерот Адриан Магу создаде модерен дизајн на сад за одгледување на бонсаи наречен Касакудо.
Негов интерес е се што е природно и зелено, и затоа неговата работа во автомобилската индустрија резултираше со своевидна рефлексија во овој модерен сад со воодушевувачка фузија од форма и функција.
Упатувајќи на брзината што ја доловува обликот и производствениот процес кој се користи во транспортниот сообраќај, ова парче всушност го спротивставува движењето аплицирано на нешто што вообичаено е статички објект.
Ова парче остава впечаток на убрзан облик кој лабди кон куќата со бонсаи дрво, евоцирајќи совршена рамнотежа на динамичната складност.
Со високо полирана завршница на плантажата во садот се изведени и 3D принтани „планини“ како контраст на природните закони од повеќедецениско растење на дрвото бонсаи.
Најдобро кажано, овој дизајн претставува уникатна синтеза на најмодерната прецизност со несовршената убавина на природата.