Насловна / Вести / Карван за промоција на проектот „Купи куќа, купи стан“

Карван за промоција на проектот „Купи куќа, купи стан“

kupi-kukja-kupi-sta

Во организација на Министерството за финансии од четврток стартува карван за промоција на проектот „Купи куќа, купи стан“. Целта на карванот е да ги презентира пред граѓаните можностите и поволностите од проектот со субвенција од Владата да се обезбеди сопствен дом.

Претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании ќе имаат презентации во девет града според концептот „сите информации за проектот на исто место“.

Првата презентација е в четврток (16 април), во општината во Охрид со почеток во 17.30 часот и продолжува секој нареден четврток во друг град. Тимовите за презентација на проектот на 23 април ќе бидат во Битола, на 30 април во Прилеп, на 7 мај во Гевгелија, 14 мај во Струмица, 28 мај во Тетово и на 4 јуни во Велес и во Куманово.

Карванот низ поголемите градови, како што наведуваат од Министерството, е поради големиот интерес кај граѓаните за проектот и со оглед на тоа што една третина од одобрените барања се од внатрешноста на државата.

Министерството за финансии минатата недела го додели 500-тото решение од проектот „Купи куќа, купи стан“.

Испрати коментар

Scroll To Top