По повод Денот на востанието, 11 Октомври, во НУ Музеј на македонската борба ќе биде поставена картофилска изложба на Бранислав Светозаревиќ под наслов „Социјалисти и комунисти – револуционери“.
Изложбата ќе биде отворена денеска напладне во холот на Музејот на македонската борба.
Бранислав Светозаревиќ (1966) е автор на триесеттина научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Реализирал повеќе од 23 фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот.