Насловна / Вести / Карпош ќе субвенционира купување на велосипеди и електрични тротинети

Карпош ќе субвенционира купување на велосипеди и електрични тротинети

Општина Карпош го објави Јавниот оглас за одобрување субвенции на жителите за купување на велосипеди и електрични тротинети.

Право да аплицираат на огласот имаат сите полнолетни граѓани на Карпош, кои ќе купат нов велосипед или е – тротинет почнувајќи од 3 февруари годинава. Секој граѓанин потребно е да достави фотокопија од лична карта, трансакциска сметка (фотокопија), фискална сметка за купен велосипед или е – тротинет не постара од 03.02.2020 година.

karpos

Граѓаните кои веќе оствариле право на субвенција на огласот на Град Скопје, немаат право да аплицираат на огласот на Карпош.

Во рамки на акцијата, субвенционирањето на велосипед ќе биде најмногу до 30 отсто (но не повеќе од три илјади денари), а субвенционирањето на е – тротинет најмногу до 30 отсто (но не повеќе од пет илјади денари).

Акцијата ќе се спроведе по принципот „прв дојден, прв услужен“, а исплатата на средства ќе биде по завршување на изборниот процес..

Трета година по ред Општина Карпош ја спроведува акцијата за субвенционирање на велосипеди, а од оваа година, за прв пат стимулираме и купување на електрични тротинети.

Примарната цел на локалната самоуправа е да го поттикне користењето на алтернативни превозни средства и да се придонесе во намалување на аерозагадувањето.

Линк до Јавниот оглас: https://bit.ly/3b8NYxU

Испрати коментар

Scroll To Top