Оваа чудна карпа може да се види низ густата шума во западниот дел на Руоколахти во југоисточна Финска. Кумакиви, што на фински значи чудна карпа, се нарекува чудно, а има причина за тоа, имено, се балансира на камен околу 11 илјади години и и пркоси на гравитацијата.
Легендата има едно објаснување за овој феномен, додека науката нуди друго. Вистина е дека ниту едно не е докажано.
Според легендата, оваа карпа била поставена на камен од џинови, додека геолозите нудат научно објаснување – глечерите. Бидејќи ова не е единствената балансирачка карпа во светот, научниците веруваат дека глечерите ја оставиле зад себе додека се повлекувале пред повеќе од осум ијлади години.
Сепак, никој нема објаснување зошто таа се уште не паднала досега.