Познатиот дизајнер Карл Лагерфелд, за 10 милиони евра ја продава својата вила во Хамбург, во која живеел од 1991 до 1998 година. Роден токму во Хамбург, тој има живеено во многу градови ширум светот, односно во своите домови во Њујорк, Париз, Монте Карло и други. Вилата во Хамбург има посебно значење за него. Лагерфелд тоа го потврдил во 1998 година кога ја објавил книгата “Ein Deutsches Haus” со фотографии и приказната за вилата. Вилата се наоѓа во елитниот хамбуршки кварт Блакензе и посветена е на неговиот долгогодишен партнер кој починал во 1989 година.