Карим Рашид е еден од најпознатите и најталентираните дизајнери во светот, а неговиот дизајн се протега на практично сите аспекти на современиот живот – од архитектура, преку уметност, до ентериери, амбалажа, мода… Неговата појава е многу интересна, но и сам по себе интересна личност – тој е директен, отворен, иновативен и исклучително талентиран.
Освоил над 300 награди за дизајн, кој ги има над 3.000, а работел во повеќе од 40 земји и има свои продавници во повеќето од нив. Меѓу неговите награди се и оние за ентериерот на познатиот ресторан „Miromoto“, хотелите „Philadelphia” и „Semiramis“, како и изложби за Ауди и Deutsche Bank. Неговиот дизајнерски опус вклучува сè, од чевли и облека до мебел и детали за домот.
Карим уште во далечната 1999. година ја отфрлил сета „негативна, уморна“ облека во темни бои, оттогаш носи претежно парчиња во бела, розова и сребрена боја. Неговиот дизајн е весел и впечатлив, а сепак ефективен и минималистички. Хаос и ред во исто време.
Рашид е роден во Каиро. Поголемиот дел од животот го поминал во Англија, Канада и Италија, додека денес живее во Њујорк и таму има свое студио. Неговото студио е речиси како музеј на современа уметност каде се наоѓаат многу од негови дела. Додека некои негови дела се најдоа во MoMA во Њујорк.
Поточно Карим Ршид живее во пентхаус во њујоршкиот кварт Челзи, која се наоѓа во најтесниот дел на Менхетн. Тој ја отвори вратата на својот стан за емисијата „Open House TV“ и го покажа ексцентричниот раскош во кој живее.
Светол простор, полн со смели комбинации на бои, автентичен и интересен мебел. И додека мебелот е претежно во бели, сиви и црни тонови, сликите на ѕидовите, теписите и другите украси се со поинензивни нијанси.
Невобични софи, масичка со неправилна форма и други детали му даваат на овој пентхаус автентичен изглед.
Сè е практично направено, па масата има специјално заоблени рабови кои спречуваат пијалок да се излее на тепихот, објаснува Карим.
3Д слики, повторно во шарени тонови, кактуси на секој скалник, ефектен ѕид – овој стан е вистинско уметничко дело.
Терасата е со бели плочки и мебел во неонски тонови, од која се пружа поглед на огромните солитери е идеално место за уживање, а во спалната соба преовладуваат розови тонови.
Рашид размислувал за секој детал во станот. Целиот стан е во ведри бои, преовладуваат јасни линии, но и апстрактни форми, а јасно е дека геометриските облици биле главна инспирација.