Руската капсула „Сојуз“, во која биле двајца руски космонаути и една американка, се вратиле од Меѓународната вселенска станица (ISS), спуштајќи се во Казахстан. Со тоа е завршена рекордната мисија за руските космонаути. Капсулата се спуштила во казахстанската степа при и пол часа по одвојувањето од ISS, а се чини дека враќањето на екипажот минало без проблеми. Двајцата руски космонаути, Олег Кононенко и Николај Чуб, се вратиле на Земјата после 374 дена минати во вселенската станица. Астронаутката од NASA, Трејси Дисон, минала на ISS шест месеци.

Кононенко станал првиот човек кој минал повеќе од 1.000 дена во вселената (вкупно 1.111 денови). Претходниот рекордер бил космонаутот Генадиј Падалка со 878 дена поделени во пет мисии, а овој рекорд бил поставен во септември 2018 година. Екипажот на Starliner, новата капсула на Boeing, и натаму останува на ISS, и тие ќе се вратат на Земјата следната година.