Насловна / Архитектура / Капсула хотелите во Јапонија доживуваат трансформација

Капсула хотелите во Јапонија доживуваат трансформација

Таканаречените капсула хотели се типичен пример за тоа по што е препознатливо јапонското хотелиерство. Комбинирајќи максимално искористување на просторот, техничка генијалност и футуристичка атмосфера, овие хотели се едни од најпознатите и во исто време уникатен тип на сместување во Јапонија.

2n

Nine Hours Capsule Hotel

Обично се наоѓаат околу главните центри за јавен транспорт во големите метрополи и нивната клиентела кон која се стремат се поединци кои бараат нискобуџетен престој за една ноќ. Првиот хотел од овој тип е отворен во Осака во 1979 година, а денес можат да се најдат низ цела Јапонија.

На секој гостин му се нуди еднаква удобност, односно капсула што е со големина токму толку да биде испоплнета со кревет, каде приватноста се нуди со сепарација во форма на врата или завеса.

1

Nine Hours Capsule Hotel

Нова ера

Во овој тип на сместување цената не е иста како во стандардните деловни хотели, ноќевањето чини помеѓу 14 и 36 евра. Дополнителните содржини во хотелот со капсули, како тоалети и тушеви, ги делат поголем број гости.

Меѓутоа, за хотелите со капсули пристигна нова ера.

3n

Nine Hours Capsule Hotel

Еден од попознатите ланци хотели од овој тип во Јапонија е Nine Hours Capsule Hotel , проектиран од бирото Naruse Inokuma Architects, кои се потрудиле да создадат нов стандард за капсула хотели, пишува ArchDaily.

Така, јапонските архитекти креирале сосема нова форма на капсула хотел, која го редизајнира својот конвенционален имиџ, стремејќи се кон функционалност, а во исто време обезбедувајќи богато искуство на престој.

4n

Nine Hours Capsule Hotel

Четири сцени

Четирите фази на престој во хотелот се реконфигурирани во четири сцени, кои вклучуваат рецепција, ходници, санитарен дел и простор за спиење.

Со избирање адекватни бои, материјали и осветлување за секоја од овие функции, архитектите успеале да постигнат едиснтвено хотелско уживање – од добредојде и релаксација до непопречуван сон.

ºC (Do-C) Ebisu

Новиот хотел наречен ºC (Do-C) Ebisu, за кој проектот го потпишува токиското биро Schemata Architects, директно е поврзан со Nine Hours Capsule Hotel ланецот.

eb1

ºC (Do-C) Ebisu

Додека Nine Hours нуди нов имиџ на современ хотел со капсули со целосен редизајн на концептот и изградба на нови капсули од нула, овој хотел има поинаков пристап во проектирањето, па така  ºC (Do-C) Ebisu е резултат на реновирањето на постоечки хотел со капсули.

Проектот има за цел да го искорени имиџот на некогашниот хотел со капсули со промена на ентериерот, но и опкружувањето на хотелот, а во исто време да ги задржи постоечките капсули такви какви што се.

eb2

ºC (Do-C) Ebisu

Имено, во Јапонија често стереотипно ги поврзуваат капсула хотелите со сауни поради конвенционалниот стил на овој тип на хотели во минатото.

Постоечката зграда првично немала сауни, но архитектите намерно ја реконструирале зградата со додавање сауни, со цел да се искорени конвенционалниот впечаток со ново искуство на воспоставување моќна комбинација на капсули и сауни.

s1

Small Hotel

Small Hotel

Small Hotel, проектиран од бирото CAPD, претставува модифициран тип на капсула хотел, кој нема постојан персонал во објектот.

Имено, примарната идеја на архитектите била целото внимание да се насочи кон задоволството на гостите од престојот и да проектираат објект кој ќе ги поттикне гостите повторно да се вратат.

s2

Small Hotel

Така, во најголемата зона на хотелот се организирани широки отвори со душек со големина на брачен кревет со простор за престој дури за две лица.

Конструктивниот материјал во комбинација со другите материјали, шемата на бои и осветлувањето не оставаат евтин впечаток, а во исто време цената на престојот е ниска.

 

Испрати коментар

Scroll To Top