Насловна / Архитектура / Капиларна фасада на Bvlgari

Капиларна фасада на Bvlgari

Реномираното архитектонско биро MVRDV го потпиша проектот за новиот бутик на светскиот бренд Bvlgari. Бутикот е своевиден спој на луксуз и иновативни материјали.

1

Фасадата е изведена во комбинација на бетон и композит кои благодарение на специјалната расвета на материјалот му даваат изглед на капиларно испресечен камен. Целата фасада изгледа како камен низ кој тече златна крв.
Скоро повеќе од еден век Bvlgari поставува естетски стандарди, пронаоѓајки инспирација во безвременската италијанска уметност и ја спојува со посебни современи елементи.

2
Бирото MVRDV инспирација за редизајн на фасадата добило од богатата историја на брендот. Како резултат на оваа инспирација е продавницата на Bvlgari во Куала Лумпур.
Оваа иновативна фасада е резултат на истражувачки процес кој е спроведен со техничките универзитети Delft и Tensoforma. Стаклените елементи на фасадат исечени се шаблонски, исполнети се со композит, а потоа осветлени со LED расвета во жолта боја со што е постигнат златен ефект.

3
Пристапот на дизајн на фасада кој поврзува софистицирани детали со висококвалитетни материјали ќе стане препознатлива карактеристика на објектите на Bvlgari ширум светот. Продавницата во Куала Лумпур е прва во низата продавници која добила нова фасада, а наскоро следи и реконструкција на останатите битици исто така по проект на бирото MVRDV.

4

Испрати коментар

Scroll To Top