Фамилијарната капела Марија Магдалена која е дело на архитектор Gerhard Sacher претставува еден извонреден скултурален објект изграден од бел бетон.
Со овој објект до израз доаѓаат големата креативност на архитектот но и познавањата и префинетиот вкус на инвеститорите.
Овој објект се одликува со безвременски, простран дизајн кој им овозможува на корисниците во еден прекрасен амбиент да ги обавуваат своите верски ритуали, веселби и тажни моменти.
Овој објект е лоциран во местото Zollfeld во Австија и се простира на 27 м2. Обликуван е така што подолжните ѕидови на неговата правоаголна основа се изведени од масивен бетон и истите на одредена височина преминуваат во кров, кои на височина од 7.78м формираат слеме.
Останатите две попречни ѕидни површини се целосно застаклени и транспарентни, што овозможува извонредна осветленост.