Насловна / Вести / Канцеларијата на Yandex во Белград: Функционалност проткаена со елементи на научна фантастика

Канцеларијата на Yandex во Белград: Функционалност проткаена со елементи на научна фантастика

Архитектонското биро од Русија nefa architects минатата година испрати неколку свои клучни експерти во Србија, да го изработат проектот за реновирање и редизајн на овој деловен простор од 4.500 квадратни метри.

2

Станува збор зе канцеларија во Белград на корпорацијата Yandex, ИТ гигант со седиште во Москва, која започна со работа во летото 2023 година, а се наоѓа во К-Дистрикт, преуредена фабричка зона на Дорќол, веднаш до устието на Сава и Дунав, во подножјето на тврдината Калемегдан.

6

Одлично разбирање на потребите на клиентите

Архитектите Елена Мертсалова и Дмитриј Овчаров, го истакнауваат фактот дека одлично ги разбираат потребите на технолошките компании,што, како што велат, е дел од нивното „know how“.

1

„Сакаме подлабоко да навлегуваме во проблемите на модерните канцеларии и да добиеме нови сознанија за начинот на кој тие треба да функционираат, за луѓето да сакаат да доаѓаат на работа и да бидат попродуктивни во канцеларија отколку дома“, вели Елена Мертсалова. Додава дека според проектната задача, на компанијата и бил потребен coworking простор во комбинација со редовни работни станици.

 

01

„Значи, задачата беше да се разделат тековите на корисниците и да се обезбедат доволно флексибилни работни простори за секој член на тимот да може да резервира станица, да одржи состанок, да разговара со колегите и да се чувствува пријатно“, вели Елена Мертсалова.

3

Зградата првично замислена како хотел

Дмитриј Овчаров додава дека петкатницата во која се наоѓа филијалата на Yandex во Белград првично била замислена како хотел, а проектот за трансформација имал за цел што полесно да се вклопи во контекстот.

15

„Внатре во комплексот се сместени членови на тимот со различни работни обрасци. Проектот мораше да ги задоволува специфичните барања на ергономија и звучна изолација“, вели Овчаров.

7

Заради погодност за членовите на тимот со различни работни модалитети, архитектите ја поделиле зградата на половини – два ката каде што се сместени оние кои преферираат хибриден стил на работа во coworking делот, а другите два им се дадени на оние кои сакаат да имаат свое сопствено работно место во канцелариите.

9

„Главните работни области се отворени простори со скромен и минималистички дизајн кои имаат за цел да го отстранат секое можно одвлекување на вниманието притоа давајќи приоритет на секојдневната благосостојба и психолошка удобност на вработените“, вели рускиот архитект.

4

Различни атмосфери во јавните простори

Мертсалова наведува дека низ секој кат минува телепортски коридор, што води до јавни простори со многу различна атмосфера.

„Функционалните, основни зони на работниот простор се спротивставени на научно-фантастичните соби за состаноци, дневни соби и кафе барови, од кои секој има карактеристични комбинации на текстури, материјали и опуштени дизајнерски решенија“ – објаснуваат архитектите.

02

Покрај работните места, местата за кафе, просториите за одмор и собите за состаноци, канцеларијата на Yandex има и голем број тивки, затскриени простори за индивидуална работа, онлајн состаноци и конференции.

Дмитриј Овчаров истакнува дека очигледно различните икончни области со своите различни референци се меѓусебно поврзани со сеопфатната идеја за создавање фантастични светови кои се состојат од отворени, пријателски и живи простори со различни програми.

03

„Некои од најважните детали вклучува лаунџ во стил на ливада со облаци од пиксели за осветлување, вселенски брод со блескави елементи и луда џунгла полна со пругасти удобни вреќи од секаков облик и столбови со огледала“, вели архитектот.

„Трети простори“ во рамки на канцеларијата

Додаваат дека работните обрасци на софтверските инженери се вклопуваат во низа сценарија што се повторуваат – часови поминати пред монитор, индивидуални или групни видео-конференции и лични состаноци вон мрежа.

16

„Комплексниот, мултифункционален ентериер овозможува создавање ‘трети простори’ во канцелариите: луѓето можат да се префрлаат од задача на задача, да се релаксираат и да ги менуваат местата неколку пати на ден, со што ќе ја избегнат монотонијата“ – вели Мертсалова и додава: „Канцеларијата не е прилагодена само на луѓето: сеопфатната идеја за отвореност и срдечност ги вклучува и домашните миленици. Подот е отпорен на дамки, додека еден од балконите е претворен во терен за шетање кучиња“.

06

Прстенести седишта и принтови на плафон

Што се однесува до деталите, тоа се прстенестите седиштата Boreal – серија забавни предмети кои се добри и за седење и за вртење, кои прават да се чувствувате опуштено.

04

„Но, има повеќе атракции во просторот: на пример, некои од местата за кафе имаат принтови на плафонот, на чело со пикселирана верзија на освојуваот на вселената Александар Деинека со двајца момци кои лансираат вселенски брод“, вели Мертсалова.

12

Што се однесува до најголемиот предизвик на овој проект, Мертсалова вели дека тоа е веројатно кратката временска рамка – визуелизациите ги направиле за само две недели, а во наредните 15 дена биле планирани канцелариите.

05

„Фазата на проектирање не траеше повеќе од еден месец. Секогаш е возбудливо да се занимаваш со нов пазар, но мора да откривате предизвици додека напредувате“, вели архитектката, а нејзиниот колега додава: „Искрено, проектот беше толку забавен што дури и најчувствителната работа со краткиот временски период, изгледаше лесна, без напор и инспирирано“.

07

Испрати коментар

Scroll To Top