Четирите ката на канцелариска зграда во град во северна Кина се проектирани да ги задоволат целосно барањата на револуционерната ИТ компанија.
Таков креативен деловен простор слободно може да се нарече работно место на иднината, особено ако имаме предвид дека се работи за компанија позната по својот оригинален начин на размислување. Идејата била да се создаде дизајнерски јазик што претставува рамнотежа меѓу крутите фацетирани површини со цел полесно и подобро поврзување на виртуелниот свет на податоци.
Во исто време, сите овие простори служеле за да се нагласи функционалноста, но и да се збогати внатрешноста до тој степен што изборот на соодветни живописни бои и линии ја постигнува симболиката на физичките пејзажи во природниот свет. Апсолутно секој агол од овој канцелариски простор, од конференциски сали, преку кантина, се до тоалетот, во исто време изгледа апстрактно, оригинално и на моменти футуристичко.
Главната канцеларија се наоѓа на четвртиот кат од зградата, додека трпезаријата за собирање вработени се наоѓа на третиот кат, така што на овој начин се одвојуваат потивки работни простори од вревата што се јавува за време на паузите и оброците. Постигнувањето совршена рамнотежа меѓу одделните делови на една целина било императив во опремувањето, па затоа се користеле контрастни материјали и текстури.
Дизајнот има за цел да ја изрази вредноста и силата на компанијата, додека боите се избрани со посебна задача директно да помогнат да се зајакне моралот и продуктивноста на вработените.
Добро избалансирани простори и нестандардни решенија се клучните карактеристики на процесот на проектирање на оваа зграда. Впечатливото опкружување совршено ја отсликува културата на компанијата, нагласувајќи ја пред се нејзината слобода и мобилност, што дополнително дава доволно можности за различни стилови на соработка.
Посетата на ваква компанија ветува дека ќе се пронајде вистинската средина за ефикасни деловни задачи, но на нов, модерен и крајно оригинален начин.