Во овој необичен објект со облик на туба, се сместени канцелариите на архитектонското биро на Selgas Cano. Објектот е проект на самото биро, а се наоѓа во прекрасен шумски предел блиску до Мадрид.
Канцелариите во облик на тунел имаат заоблени прозорци, така што објектот претставува совршен пример за обединување на ентериерот и екстериерот. Одвнатре открива еден сосем модерен и чист израз со едноставност во облиците, што во ниеден момент не се наметнуваат во надворешноста и природното опкружување.