При конципирање на идејата за ентериерот на новите канцеларии на маркетинг агенцијата 99c во Кејптаун, студиото Inhouse Brand Architects ја искористило можноста за создавање на необична, ефикасна работна средина, наспроти конвенционалниот дизајн. Креацијата на целосно функционален ентериер, организиран во една празна обвивка, неминовно ги задоволува секојдневните барања на клиентите, отсликувајќи ја креативната природа на агенцијата, како и на нејзините вработени.
Зонирањето на функционалните простори во внатрешноста се базира во зависност од неопходниот степен на интеракција, т.е. простори за максимален фокус, дефинирани како индивидуални работни бироа каде меѓусебната интеракција е минимизрана, и простори за висок степен на комуникација, дефинирани како катчиња кои би ги поттикнале вработените за меѓусебна колаборација и социјализација.