Во 33 општини од денеска почнуваат со работа канцеларии за новиот проект „Купи куќа за млади“.
Канцелариите се наоѓаат во подрачните единици на Управата за имотно-правни односи и на Управата за јавни приходи. Целта е проектот да се приближи до младите и да може на едно место да добијат информција за условите, учеството, банките и плацевите.Во нив се ангажирани обучени вработени кои ќе ги дадат потребните информации на младите.
Покрај за овој проект, граѓаните во канцелариите ќе може да се информираат и за проектот „Купи куќа, купи стан“.