Насловна / Вести / Каналот кој го промени светот: Џин изграден на повеќе од 25 илјади жртви

Каналот кој го промени светот: Џин изграден на повеќе од 25 илјади жртви

Панамскиот Канал — вештачки канал кој ги разделува Северна и Јужна Америка е величенствен. Изграден со човечка рака на најтесниот дел на Централна Америка го поврзува Атлантскиот Океан (Карипско Море) со Тихиот Океан (Панамскиот Залив). Заедно со Суецкиот канал, тој е еден од најважните поморски крвотоци во светот. Низ него поминува околу една третина од товарниот сообраќај на потегот од Азија до Америка.

3

Неговата должина иснесува 81,6 километри, широк е 91,5 метар на најтесното место и 350 метри на најширокото.  Длабочината на каналот е 13,7 метри. Во просек, дневно низ Панамскиот канал поминуваат 40 бродови.

10

Изградбата, односно првиот обид за градба, започнал во 1881 година, но осум години подоцна работите биле запрени поради банкрот. Во првите осум години, дури 22 илјади луѓе ги загубиле своите животи при обид за изградба, пред се поради недоволната подготовка за еден од најсложените градежни проекти во историјата.

4

9

Без детални студии на теренот и разработка на планот, работниците не можеле да се подготват за честите одрони, бидејќи каналот се градел на ниво на море без брани. Болестите (маларија и жолта треска) исто така биле голем проблем за работниците кои работеле секој ден во вода.

1

По големи загуби, вклучувајќи 800.000 акционери кои изгубиле пари по пропаста на проектот, во 1904 година Американците го земаат проектот под свое. Благодарение на подобрите здравствени услови за работниците, подобрените градежни решенија, канали и брани, Американците успеале да го отворат Панамскиот канал на 15 август 1914 година – но не без дополнителни жртви. Бројот на загинати работници за време на американската изградба на каналот се искачил на 5.600.

prviot

првиот брод 15 август 1914 година

7

Панамскиот канал доживеал неколку проширувања, од кои последното е завршено во 2016 година. Проектот вреден 5,25 милијарди долари траеше девет години, така што дури и големите бродови како Panamax (максимална должина, ширина и длабочина кои можат да се прилагодат на инфраструктурата) можат да поминуваат непречено.

Exclusas de Agua Clara, Gatún, Canal de Panamá

6

Некои бродови и понатаму ќе бидат преголеми, но 96 отсто од контејнерските бродови кои моментално се во функција можат да пловат низ каналот. Благодарение на проширувањето, огромните товарни бродови ги намалуваат времето и трошоците во споредба со алтернативните рути кои ги користеа, а низ каналот годишно поминува  9,5 отсто товар повеќе во споредба со минататите година. Во зависност од видот на бродот и количината на товар, контејнерите на  Panamax плаќаат поминување и до половина милион долари.

5

2

Испрати коментар

Scroll To Top