Насловна / Вести / Канадски научници развиле процес на претворање на метан и CO2 во корисни ресурси

Канадски научници развиле процес на претворање на метан и CO2 во корисни ресурси

Научниците од McGill University, еден од најстарите универзитети во Канада, откриле како да ја искористат сончевата светлина на два штетни гасови – метан и јаглерод диоксид, во корисни супстанции. На еден начин, процесот би можел да се вброи меѓу некои начини за рециклирање на штетните емисии. Тимот успеал да го реализира ова со помош на специјален катализатор направен од злато, паладиум и галиум нитрид, кој во комбинација со сончевата светлина стартува хемиска реакција која понатаму го претвора метанот и јаглерод диоксидот во зелен метанол и јаглерод моноксид, кои се многу корисни во хемиската индустрија и енергетиката. Важна предност на овој процес е дека функционира и на собна температура. Истражувачите веруваат дека ова откритие би можело да и помогне на Канада да ја постигне својата цел за намалување на емисиите на стакленички гасови на нула до 2050 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top