Насловна / Вести / Канадска компанија го претвора пластичниот отпад во бензин и дизел

Канадска компанија го претвора пластичниот отпад во бензин и дизел

Канадската компанија Sparta Group успешно го спроведува проектот  Phoenix, и од сеприсутниот пластичен отпад произведува дизел гориво и бензин.   Од компанијата соопштуваат дека проектот веќе дава резултати и дека добиеното гориво веќе се користи за потребите на сопствениот возен парк. „Пет тони нерециклиран пластичен отпад може да се конвертира во 4.000 литри гориво“, вели претседателот на компанијата чие седиште се наоѓа недалеку од Торонто. Пластичниот отпад прво се сече на ситни парчиња, а потоа се разградува на високи температури и без кислород.  Со оваа технологија се третира пластичниот отпад кој најчесто завршува како загадувач на животната средина.

sparta1

sparta2

sparta3

2 коментари

  1. Анонимен

    Во Македонија на Технолошко-металуршки факултет многу одамна е ова направено.

Испрати коментар

Scroll To Top