Насловна / Вести / Канада ќе произведува „зелен“ алуминиум, без емисии на стакленички гасови

Канада ќе произведува „зелен“ алуминиум, без емисии на стакленички гасови

Со поддршка на компанијата Apple и владите на Канада и Квебек, производителите на алуминиум Alcoa и Rio Tinto, ќе имплементираат нова технологија која ќе ја елиминира емисијата на стакленички гасови. Во секторот за производство на алуминиум, елиминирањето на овие емисии секако не е од денес за утре, но со овој потег се прави исчекор кон „почисто“ производство, кој ќе биде оперативен до 2024 година. На 10-ти мај 2018, Alcoa и Rio Tinto најавија формирање на заедничка компанија, Elysis која ќе работи на истражување и развој на технолошка постапка која воопшто нема да генерира јаглерод диоксид.

Новата фабрика ќе биде прва од ваков вид во светот. Проектот ќе се развива во Joniquiere, на северот на Квебек, центарот за производство на алуминиум во Канада. Инвестицијата се проценува на 558 милиони канадски долари (365 милиони евра). Отава и Квебек партиципираат со по 39 милиони евра, Apple со 8,5 милиони, а Alcoa и Rio Tinto 278 милиони евра.

al vert3

al vert1

al vert

 

Испрати коментар

Scroll To Top