Насловна / Вести / Канада ја доби најголемата светска нискојаглеродна фабрика за водород

Канада ја доби најголемата светска нискојаглеродна фабрика за водород

Францускиот производител на технички гасови Air Liquid, ја доврши изградбата на најголемата во светот нискојаглеродна постројка за производство на водород. Новата постројка ќе овозможи зголемување на досегашното производство на водород (на т.н сив водород)  во фабриката во Bécancour во Квебек, Канада за 50%.Централниот дел на новата постројка во која ќе се произведува зелен водород, со помош на електрична енергија добиена исклучиво од обновливи извори, е елекролизатор со моќност од 20MW, во изведба со мембрана за измена на протони (PEM). Капацитетот за производство изнесува 8,2 t/ден, зелен водород.

airliquid2

Се очекува дека новата фабрика за водород значајно ќе придонесе во покривање на потребите од водород во Северна Америка. Имено, Bécancour е во близина на главните индустриски потрошувачи во Канада и во САД. Проектот е дел од плановите на Air Liquid за што поголемо присуство во водородното енергетско стопанство, но и дел од амбицијата за промовирање во еден од главните играчи во снабдувањето на светските пазари со нискојаглероден водород. Во споредба со досега вообичаените начини на производство на водород, благодарение на производството во новата постројка, емисиите на јаглерод диоксид ќе бидат пониски за околу 27 000 t годишно.

Air Liquide-Air Liquide inaugurates the world-s largest low-carb

airliquid3

Испрати коментар

Scroll To Top