Насловна / Архитектура / Кампус Лего како џиновска „кутија за играчки“

Кампус Лего како џиновска „кутија за играчки“

C.F. Møller Architects ја заврши првата фаза од проектот за изградба на нов кампус за Лего во Билунд, Данска. Се карактеризира со дизајн кој вклучува свои производи и изгледа како да е изграден од преголеми коцки од Лего. Некои зелени градежни елементи се исто така вклучени во проектот и половина од потребната електрична енергија се создава од сончева топлина.

Градежните работи се во тек и досега само два од осум објекти се завршени. Проектот се очекува да биде целосно завршен во 2021 година и ќе зафаќа површина од 54 илјади квадратни метри и ќе вработи 2.000 луѓе.

lego

Фасадата на главната зграда изгледа како да е направена од Лего коцки, додека покривот е како голема жолта Лего коцка. Впечатокот е дека влезот е направен целосно од пластика. Внатрешноста на зградата, исто така, вклучува елементи на Лего коцки форми и разни фигури. Внатрешниот декор е светол и живописен и дизајниран да биде флексибилен и да понуди најразлични форми на простории.

lego1

Од компанијата Лего велат дека тие градат на ист начин како што тоа се прави со вистински Лего коцки. Тие ги земаат елементите што луѓето ги сакаат и ги поврзуваат и создаваат нешто уникатно со нив. На пример, вработените изразија желба да бидат слободни да ја изберат околината што им одговара најдобро за она за што работат, но и да останат блиски со колегите. Така се градат тимски населби, кои се комбинација на индивидуални и работни места соработка и се дизајнирани да создадат удобно опкружување каде луѓето ќе можат добро да ги завршат своите работи.

lego2

Проектот за изградба на кампусот е одржлив. Гаражата во кампусот е покриена со вкупно 4.150 соларни панели, кои произведуваат над еден милион килобат часови енергија. Ова се очекува да обезбеди половина од потребната електрична енергија на годишно ниво на кампусот. Некои делови од покривот се покриени со растенија што се користат за апсорбирање на вода и за контрола на испуштање на дождовница. Дождовницата ќе се собира и користи за наводнување на зеленилото во областа на кампусот.

lego3

lego4

Испрати коментар

Scroll To Top