На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде реализирана кампања за заштита на шумите од пожари.
Целта на кампањата е да се зголеми свеста кај населението за заштита на шумите од пожари, а во неа ќе учествуваат активисти од противпожарните сојузи на Град Скопје и ученици опремени со противпожарни шлемови.
Во рамки на кампањата ќе бидат делени флаери, а стручни лица ќе даваат совети и препораки како да се заштитат шумите од пожари.
Кампањата ја организираат Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, Противпожарниот сојуз на Град Скопје, Противпожарниот сојуз на Македонија, јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Дирекцијата за заштита и спасување.