Целта на акцијата е да се поттикне замената на пластичната кеса со алтернативна која помалку загадува, а со тоа и да придонесе за почиста и поздрава животна средина
Во рамките на кампањата „Размисли одговорно за штетата што ни ја прават пластичните кеси“, ПроКредит Банка ќе подарува платнени ЕКО торби од органски памук, со цел заштита на природата.
„Ние во ПроКредит сме скромни и свесни дека не можеме да го промениме светот, но сме сигурни дека можеме да обезбедиме добри примери со преземање на директни иницијативи. Заедно со секој што ќе одлучи да ја замени пластичната кеса со модерна и реупотреблива алтернатива, даваме активен придонес за намалување на количината на пластични кеси насекаде околу нас – водата, почвата, воздухот“, велат од ПроКредит Банка иницијативата.
Пластичните кеси се втор најзастапен отпад во животната средина, а само во Македонија се употребуваат околу половина милијарда пластични кеси годишно.