Камионите ладилници ќе бидат опремени со соларни панели на покривот, со цел да обезбедат сопствена енергија и со тоа да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Компанијата XL Fleet во партнерство со eNow ќе реконструира илјада вакви камиони во САД. Транспортот на храна до локалните супермаркети типично ангажира огромна флота од дизел камиони ладилници кои имаат значителна емисија на стакленички гасови. Во 2015 година, извештајот подготвен од страна на Европската унија покажал дека овој вид возила емитува 56 пати повеќе емисии на јаглерод диоксид во споредба со регуларните возила. eNow и XL Fleet веруваат дека можат да помогнат во справувањето со овој проблем, преку својот нов концепт чиј батериски систем во значителна мера го опслужува самиот ладилник.