Германската компанија Quantron го претстави новото решение за погон на камион на горивни ќелии под името Energon кои се наменети за погон на тешки возила, а редовното производство се очекува кон средината на 2022 година. Новото решение овозможува погон на камиони со маса до 44 t, при што со едно полнење на водород ќе може да помине и до 700 km. Погонскиот систем се состои од горивни ќелии со моќност од 130 kW, батериски систем со капацитет од 110 kW h, електромотор со моќност од 340 kW и двобрзински преносник, известила компанијата Quantron.