Насловна / Архитектура / Камена куќа во Канада инспирирана од текот на реката

Камена куќа во Канада инспирирана од текот на реката

Камена куќа со необична, трокрака основа инспирирана од текот на реката на чиј брег се наоѓа, споила модерно и традиционално, создавајќи тесна врска со природната средина и удобно, функционално опкружување за живеење.

1

Следејќи ги меандрите на реката Sent Moris, инспирирана со индустриското, но и со поетското наследство на регионот, куќата наречена Des Forges Residence обликувана е на начин да ја следи топографијата на теренот, визурите и околната вегетација.

2

До куќата се стигнува по приватна патека долга 265 метри, долж која погледот кон објектот постепено се отвора, создавајќи впечаток дека камената куќа извира од шума со високи борови. Близината на зоната на ерозија на карпи и строгите правила на изградба во подрачјето, на многу начини го насочија развојот на проектот потпишан од архитекти од бирото Bourgeois/Lechasseur architects од Квебек, доведувајќи ги до решение кое е спој на модерното и традиционалното.

3

Куќата го следи текот и меандрите на реката со својата необична форма, а за целосно да се ужива во глетката, горниот кат е издигнат со големи стаклени површини, кои се во контраст со камените ѕидови на приземјето.

Куќата има основа составена од три крила кои се поврзани, поставени на темели од природен камен. Челична конструкција го потпира горниот кат, кој е обложен со дрвена фасада од црна смрека.

11

Комбинацијата на материјали и бои е создадена со намерата на архитектите да се проектира слика на мистериозен објект кој лебди меѓу дрвјата, додека во исто време е во интеракција со кривините на реката.

Конзолите и стаклените ѕидови на горниот кат, ги насочуваат погледите кон надворешниот пејзаж, а нивната транспарентност го префрла фокусот на природниот камен во основата.

4 5

Главниот влез се наоѓа во еден од трите краци, а се пристапува преку покриен отворен простор, засводен од сите четири страни. Дизајнот на сводовите е инспириран од традиционалната техника на ѕидање од природен камен. Дизајнот е едноставен и ефикасен, со влезна врата од полно дрво и стакло, која се отвораат кон центарот на резиденцијата каде што се спојуваат трите крила.

12

На приземје се сместени гаражата и техничките простории, како и собите за гости, додека до првиот кат, каде што се наоѓаат главните содржини, се стигнува со монументални спирални скали.

Облогата од природен камен влегува во ентериерот преку просторот со двојна висина, создавајќи затворен блок кој ги дели двете отворени зони на катот.

6

Во оваа зона, таванот е покриен со кедрови летви, во тродимензионална геометриска структура, пружајќи топол и мек контраст на црната фасада. Таванската облога од кедар се протега понатаму низ заедничките простории на горниот кат, визуелно поврзувајќи меѓусебно, како и со околната шума.

10

Ентериерот е исполнет со светлина, опремен со мебел со светли бои, со акценти на црни површини. Модерниот ентериер со чисти линии, не ја изгубил топлината на семеен дом, благодарение на дрвото што се појавува во различни форми, како облога, детаљ или парче мебел.

7

Куќата има и голема застаклена тераса, носена од челична конструкција во форма на буквата V, овој великодушно ограден простор нуди прекрасен поглед на реката Sent Moris и е омилено место за собирање и дружење.

9

Оваа современа резиденција со почит се вклопува во шумскиот и речниот пејзаж, покажувајќи дека ограничувањата на локацијата, како и културното наследство на регионот можат да послужат како основа за силен концепт кој генерира квалитетна, еколошки свесна архитектура.

13 14

Испрати коментар

Scroll To Top