Насловна / Архитектура / Камена куќа изолирана од остатокот на светот

Камена куќа изолирана од остатокот на светот

Романтична куќа, наменета првенствено за младенци, се наоѓа на полуостровот Банкс во Нов Зеланд.

1

Куќата скриена на морскиот брег, изолирана од остатокот на светот, проектирана е од архитектонското биро Patterson Associates од Окленд. За изградба на куќата избрале локален материјал, пред се камен кој се добива недалеку од куќата. Од другите материјали, тука се и дрво, како и неизбежен (и не толку романтичен) бетон.

3

9

Куќата е делумно вкопана во теренот, што дополнително придонело за зголемување на приватноста. Пред куќата се наоѓа мала плажа, се разбира приватна. Објектот е свртен кон океанот, но е речиси целосно заштитена од патот кој води до блиската населба.

2

Основата на куќата е испреплетена геометрија која одговара на блиските погледи на заливот и далечните погледи кон Rocky Spires.

Оваа вила има само три простории. Првата е ходникот од кој се влегува во дневно-спалната зона, а третата е бањата во која светларникот поставен над кадата пружа доволно дневна светлина.

5

7

Бидејќи куќата е изолирана од цивилизацијата, проектот вклучувал и работа на одредени системи за да биде куќата самоодржлива. Ова подразбирало организирање на снабдување со вода за пиење и третман на отпадни води. Исто така направен е и обемен проект за пошумување и ревегетација.

8

Digital process : PixSolution

6

10

12

Испрати коментар

Scroll To Top