Денес во градската индустриска зона „Запад“ во Штип бил поставен камен-темелник на нова странска инвестиција на германската компанија „Семак Фешан“. Станува збор за фабрика на градежна парцела од 33.000 м2 од кои површината на самата фабрика е на околу 5.000 м2.
Рокот на изградба е до јули 2016 година. Фабриката ја гради штипката фирма „Актива“ а надзорот е на студио „Атриум“. Сопственикот на „Семак Фешн“, Лудвид Штенау во обраќањето пред присутните напомена:
– Оваа фирма во Македонија е основана од мојата германска комапнија, работиме 20 години тука, и ова е одличен начин да ја прославиме таа дведецениска работа во Македонија. Во овој погон имаме 300 вработени со можност за проширување на капацитети за уште стотина, а во другите погони, меѓу кои и во Германија околу 700, значи севкупно имаме 1000 вработени. Инаку ние сме едни од најголемите производители на женски кошули во Германија. Нашата облека се испорачува во 2000 продавници-бутици низ Европа, во Лондон, Скандинавија, Швајцарија, Франција, Австрија па и во Москва. Годишно произведуваме 650.000 кошули кои се доставуваат до над 2000 продавници.