Оваа необична куќа во соседната земја на најдобар начин ја искористи топографијата на теренот.
Архитектонското биро I/O Architects добило задача да проектира семејна куќа во бугарскиот град Тарговиште, која може да служи и како канцеларија. Добиеното решение претставува масивна хоризонтална камена структура сместена на локалитет кој со својата топографија потсетува на античкиот театар. Така, и куќата добила невообичаена, издолжена форма. Камени блокови на различни tonalities се поставени на фасадата, така што изгледа како да е природно.
Куќата е ориентирана кон југ, за да во текот на зимите просториите бидат сончеви. Меѓутоа, во однос на падот на теренот, куќата е поставена дијагонално што довело до интересни архитектонски промени во вертикална смисла: висината на таванот е променлива, па, така, оние соби кои бараат поголема приватност се пониски, додека оние што се отворени за гости (дневна соба, канцеларија… ) имаат дупла висина, пишува Freshome.
Конфигурацијата на теренот го дефинирал и распоредот на просториите. Така, во источниот блок, кој има дупла висина, сместена е гаража за три возила, а над нив се детски соби.
Во вториот блок на куќата, се наоѓаат дневна соба, канцеларија, кујна, трпезарија и спална соба со бања.
Монолитниот изглед на куќата е постигнат со помош на локалниот камен на фасадата. Иако се стекнува впечаток дека камените блокови со различни тоналитети се поставени по случаен избор, всушност, сето тоа е внимателно дизајнирано за да се постигне природен изглед на куќата.
Куќата е напредна и во однос на енергетската ефикасност. Покрај поволна ориентација на просториите, куќата има топлинска пумпа поради што сметките за потрошувачката на енергија се значително пониски во однос на други куќи со слична квадратура.