Глобалното затоплување ги поттикнува истражувачите ширум светот да пронајдат иновативни решенија со цел ефикасно искористување на енергијата во објектите. Едно од решенијата е белата боја која ги рефлектира сончевите зраци. Но, од друга страна, во зима црната боја овозможува апсорбирање на енергијата и исто така заштеда на енергија. Научниците од Универзитетот во Чикаго, нашле инспирација за едно свое техничко решение во својствата на камелеонот. Тие создале материјал кој во зависност од температурата на воздухот ја менува својата боја, со што се регулира топлината која се апсорбира или рефлектира. Имено, во текот на топлите денови, материјалот може да емитува и до 92% од инфрацрвената топлина која ја содржи во себе. Од друга страна, во поладниот период од годината има способност да емитува само 7% од оваа топлина, а остатокот го задржува.
Ефикасноста на ова решение е презентирана низ конкретен пример на една вообичаена зграда во САД. Притоа се овозможува годишна заштеда од над 8% од потрошувачката на енергија на HVAC системот.