Нешто повеќе од еден месец откако калифорнискиот „град на духови“ Cerro Gordo бил понуден на продажба, новиот сопственик Brent Underwood го купил за 1,4 милиони долари. Почетната цена за градот Cerro Gordo изнесувала 925.000 американски долари, но во петокот на 13ти јули достигнала 1,4 милиони долари. Градот поседува 22 објекти вклучувајќи и еден напуштен хотел, црква и мотел. Се работи за напуштен рударски град кој бил во сопственост на една фамилија. Настанал во 1865 година по откривање на сребро во местото, а во еден момент бил дури и најголем производител на сребро во Калифорнија. Своевремено во овој град во просек се случувало по едно убиство седмично. Вистински претставник на Дивиот Запад.
Откако ја изгубил својата слава со падот на цената на среброто , но и други проблеми како пожари и сл., градот полека станува напуштен град односно „град на духови“. Но, новиот сопственик Underwood планира да ја искористи богатата историја на градот и да го направи уникатно туристичко место. Долгорочните планови вклучуваат различни програми, културни настани и сл.