Насловна / Екологија / Калифорнија се бори со голема суша

Калифорнија се бори со голема суша

Calif drought
Американската сојузна држава Калифорнија е погодена од најголемата суша забележана во последните 40 години. Затоа властите одлучија да ги заострат казните за оние граѓани што нерационално ја трошат водата. Потрошувачите што трошат вода за полевање на тревниците или перење на тротоарите и автомобилите ќе бидат казнети со 500 долари дневно. На овој чекор властите се одлучиле откако со анализа е утврдено дека постои пораст во потрошувачката на вода и покрај наредбата на гувернерот истата да се намали за 20%. Од државната Управа за водни ресурси изјавуваат дека граѓаните веројатно и не се свесни за сериозноста на ситуацијата, односно дека се работи за најголемата суша во оваа држава по 1970 година.

Испрати коментар

Scroll To Top