Шпанскиот архитект, скулптор и градежен инженер Сантијаго Калатрава го претстави проектот за Calatrava Boulevard, комплекс кој нуди луксузни ресторани, малопродажен и деловен простор во германскиот град Дизелдорф.
Сместен помеѓу булеварот Königsallee, Königstrasse и Steinstrasse, комплексот ќе има засводен кров висок 41 метар и внатрешна уличка, правејќи објектот да изгледа како скулпторски кањон исполнет со светлина.
Создавање нова атрактивна дестинација
Проектот Calatrava Boulevard има за цел да го модернизира градскиот простор кој е паралелен со булеварот Königsallee и да создаде нова атрактивна дестинација.
Висината на објектот овозможува создавање на акцентирана влезна зона под закривениот кров, а сепак останува во согласност со типичните висини на зградите во градот.
Уредните тераси на кровот ќе имаат интегрирани соларни панели за да ја усогласат зградата со целите за одржливост на градот, пишува ArchDaily.
Првите две нивоа на комплексот нудат приближно 15.000 квадратни метри извонредно дизајниран малопродажен и ресторански простор, додека горните катови опфаќаат вкупно околу 58.500 квадратни метри деловен простор.
Интеграција со историското урбано ткиво
Проектот на сите овие простори ја чувљ традиционалната структура на таканаречените Kö фасади. Внатрешната фасада е дефинирана со синусоидни брановидни форми кои се шират кон надворешните фасади свртени кон Königstrasse и Steinstrasse.
Интровертниот карактер на зградата обезбедува интеграција на современите малопродажни простори во историското урбано ткиво и архитектонските стилови кои го дефинираат овој кварт.
Проектот е осмислен да се развива постепено за да се намали влијанието врз бизнисите долж комерцијалниот булевар. Првата фаза веќе започна со работите на изградба на зградата Kö36.
„Дизелдорф, со својата прочуена Königsallee, е елегантен, космополитски град со софистицирана аура. Во тесна соработка со Градскиот совет и ЦЕНТРУМ, успеавме да развиеме избалансирано и иновативно решение кое истовремено го зачувува карактеристичниот и традиционалниот карактер на Kö фасадите и создава нова архитектонска и урбана извонредност“, рече Сантијаго Калатрава.
Овој проект кој е реализиран во соработка со Уве Репегатер, основачот и генерален директор на компанијата CENTRUM Group, би требало да се реализира до 2028 година.