Кеменес Центарот за посетители во Вулканскиот парк е сместен 200 km западно од Будимпешта, Унгарија. Објектот е реализиран откако победил на националниот конкурс објавен во 2009тата година, каде Foldes Architects го добиваат првото место помеѓу 44 проекти. Избраната парцела за центарот е всушност истакната рамна површина која се наоѓа помеѓу градот Целдмолк и ридот Саг кој е неактивен вулкан стар 5 милиони години.
“Наместо буквално преведување на сценариото, односно креирање на објект во форма на вулкан, сакавме да ја “фатиме” вистинската материја на местото. Хомогениот сив бетон, челикот чија боја сугерира на лава, и келиските затворени простории го пренесуваат чувсвото дека се наоѓате во вулкан”- вели Лазло Фолдс, главниот дизајнер на студиото.
При влегувањето во огромниот ентериер на објектот, посетителите се сретнуваат со две атракции. На прв поглед, огромен вертикален отворен простор го одзема вниманието, а пет спратови погоре се наоѓа мал прозор кој пропушта сноп од светлина која асоцира на “еруптивна” точка на рамниот кров. Индустриските материјали кои се применети на фасадата се доследни на ентериерот: голите бетонски ѕидови, темно сивиот под, челичните скали и коридорот како и црвеникавите коцки се исто така видливи од надвор.