„Фотографија на животот“ на Џордан Анаст – сурфер на даска зад кој од водата скока голема бела ајкула – создадена е, како што обично се случува, сосема случајно во Калифорнија.
Зад објективот бил Џордан Анаст, фотограф од Калифорнија. Пред фотоапаратот членови на клуб за сурфање од Сан Диего. Времето и брановите фантастични и за сурферите и за фотографите.
Додека го фотографирал сурферот Тајлер Ворен, Анаст направил шест фотографии на кои покрај сурферот бил и „непланиран гостин“.
Фотографот не сфатил веднаш дека покрај Ворен е опасна голема бела ајкула. Како што изјавил за новинарскиот тим на Си-Ен-Ен, слични морски животни се чести на брегот на Калифорнија, но во прв момент не ни помислил дека станува збор за најголемата риба-предатор.