Насловна / Вести / Како животинското селфи стана хит во проучувањето на дивината?

Како животинското селфи стана хит во проучувањето на дивината?

FOTKI OD SERENGETI 2

Повеќе од 300.000 животински селфи-фотографии беа предмет на разгледување во досега најголемата спроведена студија со камери-замки, чија цел е да се истражи биодиверзитетот и меѓусебниот однос на животните во Националниот парк Серенгети, во Танзанија. Млади зебри џвакаат кревка трева, лавчиња си играат со своите мајки, а птици се превезуваат на грбовите на дивите свињи – ова се само дел од позите во кои се фотографирани животните од Серенгети со камера-замките, кои се системи специјално дизајнирани да го фотографираат дивиот свет со далечинско управување. Mapa Serengeti

Ги активираат сензори кои реагираат на движење или на топлината на некое животно кое поминува крај нив. Вообичаено, истражувачите за своите студии поставуваат од 20 до 30 камери-замки, но студентите по екологија од Универзитетот на Минесота поставиле 225 камери-замки на територија од 1.000 квадратни километри во паркот Серенгети и собрале повеќе од еден милион фотографии во период од три години, пренесе порталот Motherboard. До денес, тоа е најголемата студија со камери-замки, а нуди решенија што да се прави понатаму со толку голем број неидентификувани фотографии.

– Обично, истражувачите што поставуваат камери-замки следат еден до три вида ретки животни или ја бројат популацијата на животни во одредена област. Во нашата студија се обидовме да ја дознаеме динамиката на сите средни и големи животни во екосистемот, а избројавме околу 40 видови – вели Маргарет Космала, една од авторите на студијата за Motherboard.

Кога истражувачите ги собрале сите 1,2 милиони фотографии, сфатиле дека не можат да ги прегледаат, па на помош ја повикале јавноста. Се поврзале со Зуниверс (Zoouniverse), граѓанскиот научен проект, ја закачиле целата архива на Интернет, проектот го нарекле „Фотки од Серенгети“ и ги повикале волонтерите да ги означат животните што ќе ги препознаат. Секоја фотографија била покажана на најмалку 10 луѓе, а потоа нивната збирна ознака била обработувана во посебен компјутерски алгоритам.M2E48L164-165R393B309

Проектот се покажал како многу успешен, пренесува понатаму Motherboard. Истражувачите се надевале дека ќе заинтересираат барем 200 волонтери за да препознаваат фотографии, но во процесот се вклучиле повеќе од 28.000 луѓе. Фотографии собирани во текот на година и половина, волонтерите ги прегледале за 10 дена. Од сите 1,2 милиони фотографии, животни се појавиле на 322.653 фотографии.

Како што објаснува Космала, истражувачите ги користат добиените податоци за да одговорат на голем број различни прашања за меѓусебниот однос на животните во Серенгети. Првичната цел на студијата била да се утврди како различните видови месојади живеат едни до други, но сега, со податоците за 40 вида животни може да се даде и одговор на прашањето како тие живеат заедно со сите тревопасни животни.zivotinsko selfi

– Тревопасните животни, за да преживеат, мора да дојдат до најквалитетната храна, а притоа да ги избегнат предаторите. Сакаме да утврдиме дали предаторите секогаш се врткаат околу пределите со најквалитетна трева, зашто таму се сите тревопасни животни. Како тревопасните бираат каде ќе пасат? Тоа не интересира – додава Космала за Motherboard.

Граѓаните во улога на научници

Тоа е партнерство меѓу јавноста и професионалните научници, кое помага да се најдат одговори на прашањата што научниците не можат сами да ги одговорат, коментираат од Лабораторијата за орнитологија на Универзитетот Корнел, САД. Некои научни проекти се концентрираат на мали подрачја, на еден град или на едно водно живелиште, но други се однесуваат на цели континенти или на целиот свет.zivotinsko selfi 2

Граѓанската наука им отвора можност, особено на младите луѓе, да се запознаат со природата, да се стекнат со научни алатки и да се запознаат со методите на истражување, да го фотографираат живиот свет и да им ги пратат своите фотографии на стручните лица кои ги прават анализите и донесуваат заклучоци за одредени состојби. Таа соработка помага подобро да се разбере живиот свет, за подобро да се заштити.

Испрати коментар

Scroll To Top