На Инстаграм страницата retroteka објавена е фотографија на фигурите кои во 80-тите и 90-тите години од минатиот век се продавале во Kinder Surprise јајцата. Многумина сметаат дека старите фигури се многу подобри од оние кои во моментот може да се најдат во продажба. Инаку, фигурите за Kinder Surprise се дело на Michele Ferrero и William Salice од италијанската компанија Ferrero. Започнале да се продаваат во 1974 година, Michele Ferrero имал желба да осмисли производи кои секој ден ќе ги радуваат децата.
Како инспирација му послужила италијанската велигденска традиција во која на децата им се подаруваат чоколадни јајца со играчка внатре. Во колекцијата на фигури се нашле бројни познати анимирани ликови, меѓу кои и Minnie Mouse, Asterix & Obelix, … Ferrero и Kinder исто така работеле со бројни познати компании, како што се Disney, Universal и Smart. Од 1974 година досега во светот се продадени над 30 милијарди Kinder Surprise јајца. Според податоците на CNN Money, највеќе се продаваат во Германија, Русија и Велика Британија.