Во Македонија речиси и да не се организираат архитектонски конкурси, а и ако ги има нивната бројка е занемарлива. Понекогаш приватните инвеститори се интересираат за повикани конкурси, но тие се на ниво на статистичка грешка.
Кои се придобивките од конкурси за инвеститорите, а кои за архитектите, како политичарите во Чешка гледаат на конкурсите, кои се предизвиците и каква е улогата на Комората на архитекти – и како сето тоа е поврзано со системот за јавни набавки – се некои од прашањата покренати oд ASAP (Асоцијација на српски архитектонски пракси) на ASAP TALKS#16 што се одржаа во Белград минатиот четврток.
Соговорник на архитектот Владимир Ѓориќ, партнер во белградското биро Забриские, беше Игор Ковачевиќ, архитект и партнер на чешката платформа CCEA MOBA, специјализирана за спроведување на архитектонски конкурси за јавни и приватни инвеститори.
Еден отсто од инвестицијата
На почетокот на разговорот Ковачевиќ истакна дека најголем проблем е да се дојде до натпреварувачката фаза. „Во моментот кога ќе распишете архитектонски конкурс, веќе половина од работата е завршена“, вели архитектот.
Најголем проблем, посочува, е да се убедат политичарите или јавниот или приватниот сектор да ја потрошат сумата што ја даваат на натпреварот, од кои само околу еден отсто од инвестицијата оди за награди.
„Јас како администратор не можам да одлучам за победникот, тоа е работа на жирито, но вие можете да создадете таква алхемија во жирито да не може да победи проектот на некој егоманијак, кој ќе прави училиште со буџет од милиони евра итн. Тоа е некое меко знаење со кое им објаснувате на политичарите“.
Игор Ковачевиќ со жалење констатира дека во Чешка не постои модел како во Цирих, каде што има ограничување на габаритот, од на пример 10.000 метри квадратни, но доколку организирате архитектонски конкурс според правилата на Комората и Кантонот, добивате 10% повеќе квадрати. Во Чешка, вели тој, сите приватни натпревари се доброволно направени.
Што се однесува до дијалогот со клиентот, приватен или јавен, правилата се исти – на почетокот се објавува документација во која се наведени основните „правила на игра“, составот на жирито, висината на наградите и термините. Потоа, учесниците се пријавуваат не со свој труд, туку со свое портфолио.
За успешно портфолио, како што наведува, нема „know-how“ – жирито одлучува кое портфолио најмногу одговара на дадената задача, а потоа се избираат пет тима кои ќе учествуваат на првата работилница организирана од администраторот.
„На веб-страницата ги добиваат спецификациите на конкурсот, а потоа пред нив се појавува или градоначалник или член на градската администрација или приватен инвеститор и објаснуваат што сакаат. Им порачуваме на инвеститорите: ако сакате да добиете добар резултат, кажете зошто го правите тоа“, вели архитектот.
Кога станува збор за повикани конкурси, Ковачевиќ наведува дека таквата практика е контрапродуктивна, бидејќи со поканување на т.н. стар архитекти, веќе кажувате што ви се допаѓа или каква зграда сакате. Што се однесува пак до ставање акцент на младите архитекти при распишување на конкурсот, тоа не може да се ооствари по закон, но може да се протне меѓу редови при пишување на документацијата.
„Тоа многу често се прави така што градоначалникот на почетокот со свои зборови ќе објасни дека би бил отворен, дека нема проблем со тоа, а тоа е и еден вид сигнал со кој го покажувате политичкото расположение на тој јавен набавувач. “, вели Ковачевиќ, нагласувајќи ја важноста да се создаде култура на нконкурс.
Околу 60 натпревари годишно
Тој додава дека во Чешка во моментов се организираат околу 60 конкурси годишно, пред десет години имало дваесет, пред тоа осум, а во деведесеттите само два до три, се до формирањето на Комората.
На овие бројки се надоврза и Владимир Ѓориќ, повикувајќи се на податоците на Здружението на архитекти на Србија, кои велат дека во периодот од 2012 до 2021 година имало вкупно 32 конкурси, односно по три годишно.
За да се создаде екосистем на конкурс кој денес постои во Чешка, биле потребни, како што наведува Ковачевиќ, десет години и многу грешки, па така, на пример, доаѓало до прокиснување на завршен објект на едно училиште бидејќи некој не го исконтролирал буџетот навреме.
„Од тоа научивме: ако некој нема доволно пари за конкурс, ако некој нема пари да направи квалитетна архитектура, подобро е да не се впушта во некои експерименти, бидејќи ако одлучите архитектите да прават зграда, тогаш би требало да се гордееме со тие згради како општество, а ако сакаме да бидеме горди на нешто – тоа секогаш чини повеќе пари отколку нешто што е под просекот“, наведува тој.
По тие десет години, во рамките на Комората се случи „мини-револуција“ на архитекти од неговата генерација, со желба за понатамошна професионализација на Комората, основана е и ПР служба бидејќи, како што истакнува, „кога ќе го пуштите архитектот да говори, тоа е обично самоубиство за професијата“.
Со мали чекори кон подобра општа култура
На самиот крај од дискусијата, Ковачевиќ нагласи: „Помина времето кога низ архитектонски натпревар можевте да ја добиете операта во Сиднеј, таа фаза во историјата на архитектурата е затворена. Денеска со архитектонски конкурси треба да создаваме критична маса со висок квалитет, но не и некои објекти што ќе „врескаат“, што ќе предупредуваат на себе“.
Поради големиот број правила со кои секој конкурс е обележан, Игор Ковачевиќ заклучува дека архитектонските конкурси не се место каде архитектонската професија преминува до некои нови сознанија, до „апсолутно нови работи што досега не сме ги виделе“, туку како некој кој организира ваков тип на натпревари, неговата примарна цел е, како што посочува, со мали чекори да се подигне општата култура.