Насловна / Архитектура / Како тоа во една зграда живеат 20 илјади луѓе (ВИДЕО)

Како тоа во една зграда живеат 20 илјади луѓе (ВИДЕО)

Замислете дом во кој има се што ви е потребно на едно место, за да не морате да излегувате надвор, освен на малку свеж воздух. Вака живеат околу 20 илјади жители на необична зграда во Кина, во градот Хангџу.

Станбениот комплекс „Regent International“ е култен детал од градскиот пејзаж, направен во форма на буквата Ѕ. Висок е 206 метри, има 39 ката и нуди повеќе од 260.000 квадратни метри простор, што ја прави една од најголемите згради во Кина. Овој станбен комплекс може да прими дури 30 илјади луѓе.

Во зависност од тоа на која страна од зградата се живее има различни погодности, а во склоп на комплексот има и деловни простории кои се наоѓаат од 36. до 39. кат.

Во склоп на овој станбен комплекс има и ресторани, базени, фризерски салони, козметички салони, кафулиња, маркети. Инаку, оваа необична зграда поради начинот на кој се живее и работи во неа ја нарекуваат „најодржлива зграда за живеење на Земјата“.

к3

Архитект Алис Ло истакнала дека зградата е проектирана како хотел на хотелскиот бренд „Singapore Sands“, кој би имал шест ѕвезди. Подоцна е одлучено просторот на зградата да се направи како станбен комплекс.

Становите во овој комплекс најмногу ги изнајмуваат студенти, млади експерти и сопственици на мали бизниси. Закупнината на помалите станови без прозорци чини околу 195 евра месечно, а на поголемите станови со тераса околу 520 евра месечно.

к2

Испрати коментар

Scroll To Top