Насловна / Вести / Како Словенците планираат да го преполоват бројот на енергетски сиромашни домаќинства?

Како Словенците планираат да го преполоват бројот на енергетски сиромашни домаќинства?

Министерството за животна средина, клима и енергетика на Словенија, подготви акциски план за намалување на енергетската сиромаштија кој предвидува издвојување на речиси 34 милиони евра за мерки предвидени во периодот од 2024 до 2026 година. Целта е уделот на енергетски сиромашни домаќинства да се намали од сегашните 7,2% во опсегот од 3,8% до 4,6%. За споредба во земјите од Западен Балкан уделот на енергетски сиромашни домаќинства во просек надминува 20%. Според податотите на Евростат, во 2022 година во ЕУ над 41 милиони луѓе (9,3% од населението) не било во состојба адекватно да ги загрева своите домови, што е всушност индикатор за енергетска сиромаштија.

poverty1

Издвоените средства за имплементација на Акцискиот план се наменети за инвестиции во неколку области – 27 милиони евра за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, 5 милиони евра за енергетски задруги и 1,8 милиони евра за работата на проектни канцеларии со регионални советодавни пунктови и неформална мрежа за информирање и подигање на свеста.

poverty2

 

Испрати коментар

Scroll To Top